| четврток, 6 декември 2018 |

Папата побара од Путин да вложи искрени напори за мир во Украина

папа

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, го прими вчера на аудиенција во Ватикан рускиот претседател Владимир Путин и го повика да вложи искрен и голем напор за постигнување мир во Украина, пренесува БТА.

Неколку часа претходно САД го повикаа Ватикан да упати остра критика кон Русија поради нејзиното вмешување во украинскиот конфликт, а портпаролот на Кремљ американскиот повик го оцени како „неприфатлив“ и обид за мешање во суверенитетот на други држави.

Папата изрази сочувство кон загинатите во Украина и ги повика сите страни да го сочуваат кревкото примирје, но јавно не изнесе никаква вина на Русија за таа ситуација.

Според некои аналитичари, тоа е всушност обид на Ватикан да не ги влошува и онака деликатните односите со Православната црква на Русија, каде што католиците се малубројни.

Додека папата и Путин се поздравуваа пред средбата и по неа и за време на 50-минутниот состанок зад затворени врати не се споменала никаква вина на Русија во врска со Украина.

Портпатролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, изјави дека разговорите меѓу двајцата лидери биле насочени кон конфликтот во Украина и ситуацијата на Блискиот Исток. Папата изразил загриженост за судбината на христијанското малцинство на Блискиот Исток.

Путин пристигна на аудиенција кај папата со задоцнување од еден час и 20 минити, откако слета во Рим од Милано, каде што изутрината го посети рускиот павиљон на Светската изложба и се сретна со италијанскиот премиер Матео Ренци.

И покрај доцнењето, што ретко се случува, папата го поздрави Путин на германски јазик, кој Путин мошне добро го знае од својата работа во германските тајни служби.

Ломбарди посочи дека папата ја нагласил неопходноста од постигнување мир во Украина преку дијалог и имплементирање на спогодбата од Минск. Тој, исто така, повикал за обезбедување на пристап до хуманитарна помош.

Папата му подари на Путин медаљон со „Ангелот на мирот“, за кој му кажал дека ги победува сите војни и ја буди солидарноста меѓу луѓето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top