| четврток, 6 декември 2018 |

Околу 180 Американци се обиделе да и се приклучат на ИД

Околу 180 американски државјани се обиделе да и се приклучат на џихадистичката група Исламска држава (ИД), изјави денеска заменик-советникот на претседателот на САД, Барак Обама за национална безбедност, Бен Родс.

– Сметаме дека бројот на Американци кои се обиделе да им се придружат на борците (на ИД) во Ирак и Сирија, е околу 180 лица. Што се однесува до нашите европски партнери – станува збор за илјадници, нагласи Родс.

Тој потенцира дека ваквите сознанија дека илјадници државјани на еврпските држави се на боиштата во Ирак И Сирија „се причина за сериозна вонемиреност кај Европејците“.

Според Родс, разузнавачките информации укажуваат дека вкупниот број на џихадистилки борци во Сирија и Ирак изнесува „околу 30 до 40 илјади“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top