Според извори на Република, Заев од петни жили се бори да нема договор на преговорите за надминување на политичката криза. Всушност, како што веќе и пренесоа дел од медиумите, во страв од избори тој бега од рационален договор кој ќе го отвори патот во евроинтегративниот процес на државата. Во моментов целата Република Македонија и нејзината европска иднина се заложници на Заев.
Лидерот на СДСМ е дополнително уплашен и од соросовите медиуми и активисти кои постојано го „буткаат“ кон тоа да стори се за да не дојде до договор.
Република од дипломатски извори ексклузивно дознава дека однесувањето на Заев за време на средбата во меѓународните кругови веќе се оценува како дрзок, нелогичен и однесување за кое во брифинзите го посочуваат дека делувал нецивилизирано и несериозно.
Ваквото негово однесување, како и според информациите кои ги лиферуваат медиумите финансирани од фондот на Сорос, е само реакција на страв од избори и од казната која ќе го стигне на тие избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


