На лудилото во опозицијата и нервозата која владее во опозициските редови очигледни им нема крај. Откако СДСМ и соросовите активисти си испратија венец сами на себе пред повеќе од еден месец, истите тие денеска повторно со црна пропагада го погребаа премиерот Никола Груевски.
Со последната постапка опозициските активисти уште еднаш ја покажаа хипокризијата со која се служат и ниските и приземни трикови за да привлечат внимание. Со невкусната пародија во која го погребаа премиерот Никола Груевски повторно го демонстрираа лудилото кое владее во опозицијата.
На јавноста и е познато е дека Бранко Героски, Сашо Орданоски и Љубомир Фрчкоски му се ментори на Заев, кои со своите налудничави идеи наликува дека стојат и зад ова ново морничаво дело на СДСМ. Од друга страна, Заев со неколку чекори досега јасно покажа дека влече потези токму врз основа на советите на оние кои ја претставуваат најтесната клика на СОРОС.
Дополнително, со ова се покажува дека Заев нема право на глас во СДСМ . Познавачите сметаат дека поради немањето капацитет и заради тоа што истите тие му ја контролираат цела инфраструктура, невладина и медиумска, го тераат во вакво лудило и без грижа за државата влегуваат во хипокризија.
Со ваквата црна пропаганда на СОРОС, воедно се покажува и дека СДСМ и опозицијата стојат и зад фамозните венци на Борјан Јовановски, со што на површина излегува извитоперениот ум на соросовите активисти кои стојат зад ова морничаво дело. Кон крајот на април, истите активисти фингираа настан со доставување на погребален венец до домот на Борјан Јовановски, целосно измислен настан кој имаше политичка цел.
Налудничавата идеја отиде дотаму што тие другиот ден донесоа пред Владата различен венец од тој со кого се сликаа претходно, што говореше за желбата за правење на театар и лагите кои ги креираа дури и со ваков морничав чин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски