Гром предизвика дефект на фекалната пумпена станица во село Горно Лисиче, соопшти попладнево Центарот за управување со кризи, јави МИА.
Екипите на ЈП Водовод интензивно работат на негово отстранување, но ако поради непредвидени работи дефектот потрае, можно е да дојде до излевање на фекалната канализација во реоните на населбите Лисиче и Аеродром.
ЈП Водовод апелира граѓаните да се воздржат, да имаат разбирање и ако е можно, што помалку да ја користат водата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.