Барселона ја прослави фудбалската сезона од соништата. Се славеше титулата во Лигата на шампиони, а новиот европски првак ги извади навивачите на улиците и плоштадите.
Но, додека отворениот автобус поминуваше низ веселата маса се случи и мал инцидент. Изненадувачки е тоа што го предизвика инаку мирниот Чави. Легендарниот играч на Барселона, кој во финалето на Лигата на шампиони го одигра својот последен натпревар за катлонскиот состав, го турна неговиот соиграч Нејмар со раката во лице.
Во текот на парадата со автобусот Чави беше прекриен со каталонското знаме. Еден играч се обиде да му го оттргне, но тој тоа не го дозволи, а во тој момент најлошо помина Бразилецот Нејмар кој почувствува малку погруб потег од Чави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Погледнете како Нејмар игра по свадби (Видео)
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)