Мохамеду Идризу предизвика многу внимание и еуфорија кај навивачите на Шкендија при доаѓањето во клубот од Тетово во зимскиот преоден рок, но експресно и со никаков ефект на зелениот терен си замина од редовите на „црвено-црните“.
Соработката со Камерунецот со Бундеслигашко педигре е раскината и тој си замина од Шкендија без ниту еден постигнат погодок. Идризу пред да пристигне во Шкендија настапуваше за реномирани екипи од калибарот на Борусија Менхенгладбах, Ајнтрахт Франкфурт, Дуизбург, Кајзерслаутерн…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.