| четврток, 6 декември 2018 |

Александар Ставрев ќе ја дели правадата на мечот Малта – Бугарија

Најдобриот македонски фудбалски судија со знакот на ФИФА, Александар Ставрев доби уште признание од европската фудбалска федерација доделувајќи му ја довербата за да го суди квалификацискиот меч за Европското првенство 2016 година меѓу Малта и Бугарија.

На Ставрев ќе му помагааат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, а судии зад голот ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. Четврти судија на натпреварот ќе биде Гоце Петрески.

Репрезентацијата на Бугарија е фаворит на оваа средба и со победа ќе се обиде да фати приклучок кон најдобрите позиции во групата Х.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top