| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот претседател на ФИФА ќе биде избран на 16 декември!?

По оставката на Сеп Блатер од претседателското место на ФИФА, само три дена откако беше реизбран по петти пат, тој побара од извршниот одбор на ФИФА да закаже вонреден конгрес со единствена точка на дневен ред, избор на нов претседател на светската куќа на фудбалот.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, изборот ќе се одржи на 16 декември оваа година.
Со изборот на нов претседател на ФИФА ќе заврши 17-годишното владеење на Блатер на чело на организацијата која денес, поради сите афери кои се појавија, многумина ја нарекуваат Мафифа.

Блатер се повлече од функцијата во моментот кога се истражува дали Русија и Катар ја купиле организацијата на светските првенства. Новиот претседател, без сомнени, го чека многу работа… А, кандидат веќе од сега има. Од актуелниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, преку јорданскиот принц Али бин Хусеин, кого Блатер го победи на последните избори, па сѐ до Луис Фиго и Давид Жинола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top