| четврток, 6 декември 2018 |

Гостиварец пријавил лажно разбојништво

полиција

Дваесет и петгодишен жител на гостиварското село Србиново е приведен за лажно пријавување на разбојништво, откако полицијата утврдила дека парите кои наводно му биле одземени, претходно ги потрошил во казино.

Според СВР Тетово, Б.И. вчера попладне пријавил дека околу 16:45 часот физички бил нападнат од две непознати лица кои му нанеле убодна рана на левата надлактица и три исеченици на десната надлактица по што му одзеле 50 илјади денари и избегале.

– По проверките, полициски службеници на СВР Тетово – Полициска станица Гостивар ги расветлија сите поединости поврзани со пријавеното и утврдено е дека Б.И. целосно ја измислил приказната. Непосредно пред тоа, тој подигнал банкарски кредит во износ од 50 илјади денари, кои подоцна ги потрошил во едно гостиварско казино. Повредите, си ги нанел самиот, а пријавил дека бил цел на разбојници- изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По приведувањето во координација со јавен обвинител против Б.И. ќе се биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top