| четврток, 6 декември 2018 |

Понта: Романија и Европа не можат да си дозволат нестабилност во услови на рускиот експанзионизам

понта

Романскиот премиер Виктор Понта го отфрли најновиот повик на претседателот Клаус Јоханис да поднесе оставка, изјавувајќи дека „ниту Романија, ниту Европа можат да си дозволат политича нестабилост во услови на руските експанзионистички активности“.

Во интервју за весникот „Гардијан“ Понта истакна дека Романија е најчувствителниот регион во Европа.

– Се надеваме дека ќе заврши оваа мала, но тензична политичка криза и оти ќе се вратиме на работа, бидејќи Европа сака Романија да биде стабилна и предвидлива во тој регион. Сметам дека единствено Русија ќе го отвори шампањот, доколку Романија западне во долга политичка криза – рече премиерот неколку минути откако Сенатот одби да му го одземе имунитетот со цел да биде покрената криминална истрага против него.

Понта, лидер на Социјалдеморкатската партија го отфрли барање за негова оставка, нарекувајќи го политички мотивирано и оценувајќи дека има цел да собере поддршка за либералите на претстојните избори, следната година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top