| четврток, 6 декември 2018 |

Летен напиток кој ги топи килограмите

sparkling-strawberry-lemonade

Ако сте љубители на јагодите, вистинското време е да ги искористите сите поволности од нивното конзумирање. Овие вкусни, здрави и освежувачки плодови се и тоа како ефикасни во борбата против вишокот на килограми.

Пијалокот базиран на нив, ќе ве освежи и ќе ви даде целодневно чувство на ситост, а покрај тоа јагодите се и природни антиоксиданси, богати со витамин Ц, железо и со фолна киселина.

Состојки:

– Чаша свежи и исчистени јагоди

– Половина литар вода

Подготовка: Додадете ги јаготките во водата и оставете ги неколку часа во фрижидер. Ставете ги во блендер пред конзумирање.

Ако сакате, можете да додадете неколку коцки мраз, малку лимонов сок и неколку листови од свежо нане.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top