| четврток, 6 декември 2018 |

Луксембург им се извини на Евреите за страдањата во Втората светска војна

евреи

Луксембург и се извини на еврејската заедница за страдањата преживеани за време на нацистичката окупација во Втората светска војна, што е прв таков гест по 70 години од завршувањето на војната.

Владата на Луксембург призна дека „некои претставници“ на државата биле соучесници во нацистичките злосторства.

Од вкупно 3.700 Евреи, што живееле во Луксембург пред Втората светска војна, 1.200 се убиени во периодот од мај 1940 година до септември 1944 година, додека треаела нацистичката окупација, се наведува на веб страницата на луксембуршката Влада.

– Владата се извинува на еврејската заедница за страдањата кои ги претрпела и навредите што и се извршени и прифаќа одговорност на некои службеници за тие настани – се наведува во декларацијата потпишана од премиерот Ксавиер Бетел и група министри.

Премиерот, исто така, усвои резолуција со која се признава „страдањето нанесено на еврејската популација, нејзините членови од Луксембург и странци, за време на нацистичката окупција на Луксембург“.

Голем број луксембуршки Евреи, убиени во холокаустот, избегале од Германија пред војната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top