Пионерот на детроитската техно сцена Дерик Меј настапи на отворањето на големиот музички фестивал „Њеатхер фестивал“ во Париз. Настапот го организираше скопската продуцентската куќа „Излет мјузик“ во соработка со „Трансмат – Детроит“, на покана на организаторите на парискиот фестивал.
– Како солист на пијано настапи светски познатиот Франческо Тристано, а од Македонија настапија Емин Џијан, како диригент и човек кој е одговорен за оркестрациите, челистката Маријана Николовска и Игор Иванов-Изи, кој беше задолжен за целокупната визуелизација, анимации и светло. Концертот беше фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио поддршка, соопшти „Излет мјузик“, чиј сопственик и идеен творец е Огнен Узуновски-Оги.
Дерик Меј настапил со симфонискиот оркестар Ламоуреуџ со 40 музичари. Нивниот концерт на 4 јуни го отвори годинашното издание на фестивалот, кој се одвива на површина од 100.000 метри квадратни под отворено небо.
На четиридневниот фестивал годинава настапија 70 артисти на пет различни сцени во најголемиот парк во Париз – Боис де Винценнес. Концертот го снимила ТВ Арте, една од најпознатите европски телевизиски куќи кои промовираат културна програма.
Оркестарот со кој настапиле Меј и македонските музичари е основан во 1881 и имал значајна улога во музичкиот живот во Франција и во светот, затоа што премиерно има изведувано некои од делата на Клод Дебиси и Морис Равел.
Проектот меѓу „Излет мјузик“ и Дерик Меј почна минатата година под наслов „Музика универзалис“ кога Меј настапи заедно со Македонската филхармонија во Античкиот театар во Охрид. Следниот настап го планираат за 14 август во Детроит заедно со Детроитскиот симфониски оркестар под диригенство на Емин Џијан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.