| четврток, 6 декември 2018 |

Емигранти ги преплавија грчките острови во Егејско Море

 имигранти

Грчките власти соопштија дека стотици емигранти пристигнале во изминатите 24 часа со чамци на грчки острови во Егејско Море.

Грчката крајбрежна стража соопшти дека 457 луѓе биле спасени во 12 инциденти крај островите Лезбос, Иос, Калимнос и Кос од понеделникот досега.

Други 304 пристигнале во понеделникот наутро во пристаништето Митилини на Лезбос.

УНХЦР соопшти дека од почетокот на годинава досега во Грција пристигнале 48.000 бегалци и имигранти. Грција е на второ место во ЕУ по број на пристигнати бегалци и имигранти, по Италија (54.000 луѓе).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top