Амбасадата на САД донираше опрема од 212 илјади американски долари за потребите на Царинската управа и Граничната полиција на Република Македонија.
Опремата се состои од софистициран рачен рендгенски скенер вреден 50 илјади долари, детектори за радијација, опрема за спречување нелегални активности, рачни светилки, лисици, литиумски батерии и термална камера за надзор, која ќе им помогне на царинските и полициските служби во спречувањето и откривањето на недозволената трговија со стока. Апаратите се обезбедени преку Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS).
– Опремата ќе го зголеми капацитетот на двете гранични служби на повеќе начини меѓу кои се спроведувањето на надзор долж границата, патролирање и попречување на незаконски активности, борбата против прекуграничниот криминал и тероризам, откривање радијација, идентификација на оружје за масовно унитшување – истакна заменик шефот на мисијата на САД, Барт Путни на денешното примопредавање на граничниот премин Блаце.
Директорката на Царинската управа Наташа Радеска – Крстевска заблагодарувајќи се за донацијата рече дека инвестициите во софистицирана и модерна опрема се од примарно значење за пограничните служби.
– Во борбата против нелегалните активности царинските службеници мора да користат софистицирана опрема за да обезбедат подобри резултати во работењето. Инвестициите во софистицирана и модерна опрема се од примарно значење како за засилување на оперативните и институционалните капацотети на царинската служба и достигнување повисоко ниво на квалитет и ефикасно работење во спречување и откривање на недозволената трговија со стока, така и за унапредување на истражните и разузнавачките делувања и поуспешни спроведување на законите – истакна Радеска – Крстевска.
Според помошник директорот на Секторот за гранични работи и миграции Маринко Кочовски, донацијата претставува продолжување на досегашната соработка со Програмата EXBS и со неа ќе овозможи ефикасна контрола на државната граница на Република Македонија.
Преку Програмата EXBS досега во Македонија се донирани над седум милиони американски долари во опрема и обуки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“