Филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски вчера беше прикажан на Универзитетот „Josai International“ во Токио.
Филмот беше прикажан во рамки на филмскиот фестивал „Cinema Post-Yugo“, кој секоја година прикажува филмови од државите од поранешната Југославија. Организатор е Асоцијацијата за проучување на кинематографијата на државите од балканскиот регион, особено земјите од постјугословенската група, составена од видни професори од повеќе универзитети во Јапонија.
Проекцијата ја отвори првиот резидентен амбасадор на Република Македонија во Јапонија Андријана Цветковиќ. Цветковиќ, која и самата е член на Асоцијацијата за проучување на балканската кинематографија во Јапонија, изрази голема благодарност до организаторите во нивната поддршка во промоцијата на македонската кинематографија.
Амбасадорот Цветковиќ со публиката разговараше во врска со делото на режисерот Манчевски, кој и е добро познат на јапонската публика. Режисерот преку снимен запис и се обрати на публиката, давајќи подлабоко толкување на темите присутни во филмот.
– Македонскиот филм е релативно непознат за јапонската публика. Но, филмовите кои секоја година имаме можност да ги погледнеме покажуваат дека македонската кинематографија изобилува со филмови кои се со врвен квалитет и покажуваат естетска и концептуална зрелост, истакна професор Кјоко Хирано, професор на Меиџи Гакуин Универзитетот и еден од главните организатори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вработените во јавниот сектор мора да бидат внесени во регистар за да земаат плата
-
„Крајот на времето“ на Манчевски награден на фестивал во Аспен
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на секаков обид насилно да се изиграат законите и процедурите (ВИДЕО)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски призна дека не постоеле никакви посериозни забелешки во однос на методологијата за прочистување на избирачкиот список