Барселона е нов европски првак и шпанскиот претставник е задоволен од сезоната во која комплетираше три титули, но сепак по финалето во ЛШ во Берлин се пожали до УЕФА.
Каталонците се незадоволни од организаторите на финалето, а им пречи односот кон нивните навивачи.
„Организаторите ги прекршија вообичаените норми за Лигата на шампионите, кои се однесуваат на третманот на навивачите и на клупските членови. За над 5 илјади симпатизери кои допатуваа да не бодрат во Берлин, тие испратија само 4 автобуси на аеродромот Шенефелд за да ги префрлат до стадионот. Цените на храната беа неочекувано високи, а останатите услови изненадувачки на лошо ниво“стои во образложението на Барселона испратено до УЕФА.
На терен Каталонците го победија Јувентус со 3-1 и ја прокнижија петтата европска круна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Берлин: Прашањето за германски репарации кон Грција е правно и политички затворено
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени



