Финалето на Лигата на шампионите оваа година во кое Барселона го победи Јувентус со 3-1 и по петти пат стана европски шампиони, го следеле повеќе од 180 милиони гледачи шурим светот. Вакиот податок го обелодени европската куќа на фудбалот (УЕФА) и се пофали дека во еден момент од мечот преку онлајн серверите се вклучиле и околу 400 милиони љубители на фудбалот од 200 земји во светот.
УЕФА објави дека 104 милиони посети имала на својата интернет-страница во текот на целата сезона во ЛШ, а само два милиони за време на финалето. Бројките од социјалните мрежи и каква еуфорија предизвика финалната пресметка, но и целата сезона можете да погледнете низ графиката која ја подготви европската централа од Нион за да го потенцира зголемениот интерес за најпрестижното натпреварување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



