| четврток, 6 декември 2018 |

Три милиони деца живеат во сиромаштија во Франција

УНИЦЕФ во својот последен извештај предупредува дека во Франција не се почитуваат правата на три милиони деца, кои живеат во сиромаштија, над 30.000 без дом, 9.000 живеат во импровизирани бараки и 140.000 секоја година излегуваат од школскиот систем, јавува дописникот на МИА од Париз.

siromasno dete

„Нашиот извештај е алармантен повик кој треба да ги натера властите да реагираат ургентно и на поефикасен начин за секое дете“, оцени Мишел Барзак, претседател на францускиот огранок на Фондот на ООН за децата (УНИЦЕФ), во денешното соопштение за печатот.

Меѓу 2008 и 2012 година 440.000 деца заедно со нивните семејства паднаа под прагот на сиромаштијата во Франција, стои во извештајот насловен „Секое дете е важно. Насекаде и во секое време“.

Според овај извештај во сиромаштијата живеат три милиони деца, односно секое петто дете во Франција.

„Се разбира, подобро е да се роди едно дете во Франција, отколку во многу други земји, се додека нашата земја посветува колосални финансиски средства и значајни напори за да им понуди на колку што е можно поголем број на деца пријатна животна рамка“ – вели Мишел Барзак.

УНИЦЕФ на Франција и дава 36 препораки како да гарантира рамноправен пристап во образовниот систем, посебно за малолетниците кои живеат во дивите населеби, да посвети доволно средтстав за планот за брба против излегувањето од школскиот систем или развивањето на превенцијата за малолетниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top