| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес ја стресе Атина

земјотресЗемјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер ја погоди Грција. Епицентарот е на 83 километри северно од Атина, во морето во близина на градот Малесина на длабочина од 5,8 километри, соопшти американскиот Геолошки завод.

Земјотресот се случил во 4,10 часот по локално време, а потресите траеле неколку секунди, што ги натерало жителите на грчката престолнина да ги напуштат домовите и да излезат на улица. Засега нема информации за материјална штета.

Грција е тресно подрачје каде што често се регистрираат земјотреси. Во потресот од 1999 година со интензитет од 6 степени по Рихтер со епицентар во самата Атина загинаа 140 луѓе, повредени беа 2.000, се урнаа или тешко беа оштетени 53.000 згради, а без покрив над глава останаа 50.000 луѓе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top