Актуелниот план за спас на Грција истакува до крајот на месецов, кого воедно доспева и рокот за отплата на грчкиот долг кон Меѓунардониот монетарен фонд.
Без договор со кредиторите, кој би овоможил исплата на последната транша од помошта, Грција би можела да ја загуби својата ликвидност.
Денеска и германската канцеларка АНгела Меркел порача дека „нема уште многу време“ за постигнување договор меѓу Грција и нејзините кредитори.
– Немаме многу време и затоа мора да работиме напорно. Сега се брои секој ден за да се сработи она што мора да се направи – изјави Меркел на завршната прес-конференција на Самитот на Г-7, што вчера и денеска се одржа во германскиот град Крин.
Меркел порача дека Атина мора да сфати оти „солидарноста на Европејците и Меѓународниот монетарен фонд бара Грција да преземе мерки и да даде предлози“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција