Претседателот на САД, Барак Обама денеска изјави дека руските сили ја продолжуваат операцијата во Источна Украина, а Москва негира, додека Г-7 планираат, доколку биде неопходно, да воведат построги санкции кон Русија.
– Како што можевме да видиме последните денови, руските сили ја продолжуваат операцијата во Источна Украина, кршејќи го украинскиот суверентитет и територијален интегритет – истакна Обама на прес-конференцијата по состанокот на Г-7 во Германија.
На состанокот земјите-членки на Г-7 се согласија постоечките санкции кон Русија да останат во сила се додека проруските сили целосно не го почитуваат договорот за примирје склучен во февруари во Минск.
– Русиај е во длабока рецесија. Затоа акциите на Русија во Украина и штетат на Русија и на рускиот народ. Г-7 јасно даде до знаење, дека ако биде неопходно, ќе бидат подготвени да воведат дополнителни санкции кон Русија, потенцира Обама
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.