Правната комисија на Долниот дом на романскиот Парламент го отфрли барањето на главниот обвинител за кривична истрага против премиерот Виктор Понта.Премиерот и лидер на социјалдемократите минатата недела беше обвинет за корупција. Понта е наоѓа под истрага за фалсификување извештаи, перење пари, конфликт на интереси и затајување данок во судскиот предмет „Турчени-Ровинари“. Обвинителите тврдат дека истрагата се однесува на неговата работа како адвокат во периодот меѓу 2007 и 2008 година, кога тој, исто така, бил пратеник од Социјалдемократската партија.
Националната дирекција за борба со корупцијата од Долниот дом на Парламентот минатата недела побара одобрение за почнување на кривично гонење на премиерот и за конфликт на интереси.
Претседателот Клаус Јоханис на 5. јуни побара оставката на Понта, изјавувајќи дека Романија е во „невозможна ситуација“ премиерот на земјата да биде обвинет за кривични дејствија. Понта,тогаш изјави дека само Парламентот може да го отстрани од должноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ОЈО по допрен глас отвори истрага: Ќе се гонат тие што пишуваат на Фејсбук за пожарот во Грција
-
Истрага во Србија за македонска надри-лекарка Слаѓана Велков и за Јелена Карлеуша
-
Случај „Јелка Масин“: Ќерката воопшто не била повикана на разговор во Обвинителството
-
Поранешен градоначалник на Центар под истрага за мостот Око