Бразилец бил уапсен на аеродромот во Лисабон при доаѓање од Сао Паоло со повеќе од еден килограм кокаин во стомакот.
Имено, тој проголтал 59 капсули меѓу кои една содржела 113 грама кокаин.
Бразилецот на возраст од 24 години требало да отпатува во Амстердам преку Брисел. Тој бил уапсен во саботата, а потоа одведен во болница откако му се слошило. По хируршка операција извадена му била дрогата, соопшти полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.