Пожар избувнал во училница во основно училиште во Гостивар вчера. Огнот го предизвикал краток спој на електричната инсталација предизвикан од касетофон.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пожарот избувнал вчера, околу десет часот во училница од Основното училиште „Мустафа Ќемал Ататурк“. Во пожарот изгорел плакар со книги, а просторијата се зачадила.
Според гостиварската полиција, пожарот бил предизвикан од проблем во електричната инсталација, односно од касетофон кој бил приклучен во моментот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.