| четврток, 6 декември 2018 |

Бранко Ставрев: Сѐ што направив во животот го направив во име на МНТ!

Сѐ што направив во животот го направив во име на Македонскиот народен театар (МНТ), вели Бранко Ставрев, филмски и театарски режисер, драматург, сценограф со кого денеска националниот театар организираше разговор во склоп на Меѓународниот театарски фестивал „МНТ-Фест“, кој е во тек и ќе трае до 3 јули.

Ставрев се потсетуваше на своите почетоци во театарот, за тоа уште како студент по книжевност на трета година студии ја напишал првата драма и ја понудил на театарот во Струмица, но под услов и да ја режира.

– За среќа, тогашните раководни луѓе на струмичкиот театар ми го прифатија барањето и јас, освен што ја режирав својата прва престава, учестував и во сценографијата – се присетува Ставрев.

Тој раскажа дека и покрај богатиот театарски опус како режисер, поголемиот дел од она што тој го режирал, биле текстови од домашни автори.

– Покојниот Драги Костовски, на времето викаше: Бегајте, доаѓа домашниот театар! Скоро 90 отсто од она што сум работел и што го имам поставено на сцените на театрите во Македонија се домашни автори – вели Ставрев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top