Психологот што разговараше со Насер Ештрефи, обвинет дека го убил матурантот Ангел Петковски, изјави дека тој бил свесен за делото што го извршил.
Во денешниот исказ пред Основниот суд, психологот даваше свое мислење за психичката состојба на 19-годишниот Ештрефи.
Во првото вештачење, исто така, беше утврдено дека Ештрефи бил свесен за настанот и за делото. Но одбраната не го прифати тој наод, па побара втор, денешниот.
Ештрефи со убод од нож му го одзеде животот на Петковски на 19 мај 2014 година пред очната болница во Ѓорче Петров.
Според обвинението, Ештрефи се обидел да го украде велосипедот на Ангел, но откако бил забележан, се откажал од намерата и избегал. Подоцна бил пресретнат од Ангел и неговиот татко, по што Ангел беше прободен со нож и почина на самото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



