Вчеравечер околу 19 часот, на ул.„Илинденска“ во Тетово во и пред угостителскиот објект „Биби“, бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале вкупно четири лица, три од едната страна, и едно од другата страна.
Во тепачката, на која и претходела вербална расправија, најпрво Н.М., кој бил заедно со неговиот брат Е.М. и уште едно лице, станал од масата и со тупаница го удрил М.Д.(31) ,инаку нивен познаник, кој набрзо излегол од објектот, а потоа повторно се вратил во угостителскиот објект и ги повикал тројцата да излезат за да се пресметаат. Тепачката продолжила надвор, при што М.Д. употребил ладно оружје ( кујнски нож ) со кое на двајцата браќа, Е.М. и Н.М. им нанесол повеќе расекотини и убодни рани во пределот на телото.
Повредените биле пренесени во тетовската клиничка болница, од каде итно се префрлени во Ургентниот Центар во Скопје додека, М.Д. е пренесен и задржан за лекување во тетовската болница.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото на настанот а пронајден е и подигнат ножот и истиот е предаден за вештачење.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


