| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона најде замена за Дани Алвеш

Алеиш Видал од Севилја е првото засилување за новиот европски шампион Барселона. Десниот бек ќе биде замена за неприкосновениот Дани Алвеш кој со сигурност си замнува од тимот ова лето.
Видал денеска треба да ги помине лекарските прегледи и да стави потпис на договорот со важност од пет години. Севилја како обесштетување ќе добие 10 милиони евра плус бонуси во зависност од ефектот на Видал за каталноскиот гигант.

Сепак, останува нејасно како ѝ е дозволено на Барселона да прави трансфери, со оглед дека беше казнета токму со забрана за реализација на трансфери до јануари 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top