Група туристи кои се фотографираа голи на светата планина Кинабалу се виновни за катастрофалниот земјотрес што ја погоди Малезија во петокот, тврдат малезиските власти.
Во силниот земјотрес, кој во петокот ја стресе Малезија со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, загинаа 16 лица, а најмалку две се водат за исчезнати.
Неколку недели пред земјотресот, десет туристи соблечени позираа, а потоа и уринираа на планината во државата Сабах, која се смета за свето место. Фотографиите се појавија на социјалните мрежи неколку дена пред земјотресот и предизвикаа голем гнев кај Малезијците, пишува „Дејли маил“.
На туристите, кои се од Канада, Германија и од Холандија, засега им е забрането напуштање на земјата, сѐ додека случајот не се реши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.