| четврток, 6 декември 2018 |

Бузлевски: Кондарко кажа невистина

buzlevski

Изборниот штаб на независниот кандидат  за градоначалник на Ресен, Димитар Бузлевски, остро реагира на вчерашната изјава на претседателот на ДИК, Борис Кондарко, дека во вториот круг за локалните избори во Ресен граѓаните ќе треба да се одлучат меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

– Изјавата дадена од претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, е груба невистина. Не навлегуваме во тоа дали истата има политичка позадина, но, во интерес на јавноста, објавуваме дека во втор круг во општина Ресен правото на избор граѓаните од Ресен ќе го имаат меѓу Димитар Бузлевски – независен кандидат предложен од група избирачи и Ѓоко Стрезовски – кандидат на ВМРО-ДПМНЕ – стои во реакцијата на ИШ на Бузлевски.

На вчерашната прес-конференција претседателот на ДИК истакна дека, според првичните неофицијални информации добиени од 46 избирачки места од вкупно 47, вториот круг на локалните избори во Ресен ќе се одржи меѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоко Стрезовски и на СДСМ Ордан Проевски.

Според податоците објавeни на официјалниот веб-сајт на ДИК, независниот кандидат Димитар Бузлевски во првиот круг освоил 3.117 гласа  или 28,24 проценти, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Ѓоко Стрезовски, има освоено 5.387 или 48,80 проценти и кандидатот на здружената опозиција „Сојуз за иднината“ предводена од СДСМ, Ордан Проевски, освоил 1.434 гласа или 12,99 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top