Тренерот на Барселона, Луис Енрике беше пресреќен по освојувањето на трофејот во фудбалската Лига на шампионите. Тој целата заслуга за успешната сезона ја префрли на неговите избраници.
– Ова е неверојатна група на играчи. Тие се родени да победуваат, прави војници, борци, да ти е мерак да ги гледаш како на теренот ги извршуваат своите задачи. На 60 натпревари сезонава забележаа 50 победи. Не верував во „тројна круна“ – изјави Енрике и се заблагодари на сите кои му ја даваа поддршката.
Тој додаде дека Барселона не е изморена од победи и дека продолжуваат со посилен интензитет во новата сезона.
Енрике во првата година на тренерското место во каталонскиот тим ги освои шпанското првенство и куп, како и престижната Лига на шампиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.