Четиринаесет бендови и пејачи од САД, Канада, Велика Британија, Швајцарија, Хрватска, Србија и од Македонија, ќе бидат дел од јубилејното петто издание на Интернационалниот фестивал за нова музика „Здраво млади“ што ќе биде одржан денеска на платото на Младинскиот културен центар во Скопје.
Предвидена е целодневната програма, распоредена на три сцени, што ќе почне точно напладне, а ќе заврши по полноќ.
На фестивалот ќе настапат METZ, Gonjasufi, Bernays Propaganda, Prinzhorn Dance School, Orchestre Tout Poissant Marcel Duchamp, Artan Lili, Vlasta Popič, TI, Conquering Lion, Lepi Xhoni, RIB, Dj Moodswinger, КИР и Sürtükler.
За најмладите, пак, од 12:00 до 15:00 ќе биде организирана програма во Детскиот Креативен Центар при МКЦ. За посетителите се предвидени неколку штандови за храна и пијалоци, штандови за плочи, како и стандардните „Здраво Млади“ беџови и фестивалски маички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.