Молњи сериозно повредиле над триесет луѓе ноќта кон саботата на фестивалот во Мендиг во западна Германија, соопшти локалната полиција.
Вкупно 33 лица се на набљудување во блиските полиции, нагласи полицијата во соопштението прецизирајќи дека сите повредени се чувствуваат добро и дека наскоро ќе бидат отпуштени од болниците.
Инцидентот се случил на местото каде што се одржуваше музичкиот фестивал „Rock im Ring“.
Првиот гром ги погодил инсталациите на фестивалот во саботата околу 1 часот по полноќ, кога биле повредени 8 членови на екипата на организаторот на фестивалот. Другиот удрил по 3,30 часот и повредил уште 25 посетители на фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.