| четврток, 6 декември 2018 |

Илјадници демонстранти во Баварија против одржувањето на самитот Г-7

Илјадници демонстранти денеска учествуваа во протестот во германскиот зимски центар Гармиш-Партенкирхен против одржување на самитот на лидерите од Г-7, што почнува утре во блискиот замок Елмау, во провинцијата Баварија.

Демонстрантите носеа пароли со пораката „Борба против Г-7 за револуција“ и „Г-7, оди по ѓаволите! Јас го сакам Путин“. Ова ќе биде втората средба на врвот на водечките индустриски земји, на која Русија е исклучена, откако нејзиното учество во Г-8 беше замрзнато заради анексијата на Крим

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top