Плажата во Стење ќе биде завршена најдоцна за еден месец, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, при денешната посета во општина Ресен.
Мисајловски заедно со градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски извршија увид во градежните работи на плажата во Стење.
-Имам верување дека плажата за оваа туристичка сезона ќе биде готова, градежните работи се одвиваат согласно планираната динамика и се надевам дека за кратко време повторно ќе дојдеме тука за да ја пуштиме во употреба, изјави министерот Мисајловски.
Градежните активности се во полн ек, мометално се поставуваат платформите во езерото, поставена е конструкцијата за двата шанка, а се постила и со песок. Покрај оваа плажа, веќе се испроектирани уште 1.400 метри плажи на Преспанското езеро.
Министерот најави дека и до крајот на месецот ќе се започне со рехабилитација на патот Битола- Ресен- Буково, најважниот за овој регион, инвестиција од околу 8 милиони евра.
На работната средба со градоначалникот се разговарало и за тековни проекти што се реализираат заедно со Министерството за транспорт и врски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.