Вчеравечер околу 19.40 часот додека скопјанецот Д.П. (29) бил на работно место како обезбедување на имот и лица во казино „Адмирал“ лоцирано на ул.„Никола Вапцаров“, во еден момент во казиното влегле две непознати машки лица, во видно алкохолизирана состојба, и откако почнале да играат на масата за рулет едното од нив побарало алкохолен пијалок, по што од страна на вработената не му бил даден пијалокот.
Истиот започнал да се расправа со персоналот и да се заканува и во еден момент со тупаница го удрил Д.П. во пределот на градите, по што во нападот се вклучило и другото лице кое го удрило со тупаница во пределот на тилот, извадило нож на расклопување и почнало да замавнува, по што и двете лица почнале да го бркаат и повторно физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на телото.
Во тој момент пристигнал неговиот колега Д.Б. кој исто така бил нападнат од двете лица и бил удиран го со тупаници во пределот на телото.
Случајот бил пријавен во ПС-Центар, од страна на Д.П. и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.