Дваесет и три годишниот Јетон Зекири од Чаир вечерва се здобил со две убодни рани во казиното „Адмирал“ во „Мавровка“.
Според полицијата Зекири работел како обезбедување во казиното преку агенцијата МНД и бил на своето работно место кога непознато лице го нападнало со нож.
Тој итно е префрлен во Градската ошта болница каде по укажаната помош е задржан на лекување. Од МВР ја потврдиле информацијата и најавуваат мерки за откривање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.