| четврток, 6 декември 2018 |

Групна крштевка во Куманово

crkva500

Петнаесеттина кумановци денеска се крстија на првата групна крштевка која се одржа во Соборниот Храм Свети Никола.

Групната крштевка се спроведува за прв пат во Кумановско-осоговската епархија со благослов на митрополитот г.Јосиф. На крштевањето учествуваа лица со возраст над 18 години.
– Посебни услови за овој чин нема, освен верба во Бога и добра волја. Ниту една света тајна не може да се прими доколку верникот не е крстен, изјави отец Антонио Стојковски.
Пред две недели, во црквата Света Петка кумановско-осоговската епрхија организираше групна венчавка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top