Да не беа трагични, ќе беа смешни неспособноста, аматеризмот, хуморот и никаквиот политички капацитет на Зоран Заев и на неговите советници и новинари од Сорос кои во само еден ден сто пати ги сменија ставовите. Некогаш се премислуваа и два пати во полoвина час. Заев, пак, го постигна својот личен рекорд и смени цврст став по само нецели четири часа.
Вчера утрото медиумите ја објавија изјавата на еврокомесарот Хан во која порача да се почитува договорот од 2 јуни кој беше потпишан од четирите најголеми партии во земјава, ЕУ и САД. Тој исто така побара враќање на опозицијата во парламентот, како и правна и политичка разрешница.
Комесарот потврди дека целосно ја поддржува оценката на ОБСЕ и ОДИХР дека за последните избори како и за неколкуте изборни циклуси претходно имаше генерално позитивни извештаи во кои што беа наведени и некои неправилности.
Изјавата беше дочекана на нож од медиумите на Сорос, а Плус инфо на Бранко Героски по еден час објави тест со наслов „Преговорите се минирани, Хан зборува се најдобро за режимот на Груевски“. Потоа соросовите платеници започнаа канонада на критики кон меѓународната заедница затоа што тие не го делат мислењето на СДСМ и соросовите експерти.
Околу 12 часот истите медиуми на Сорос возбудени од изјавата на Хан, пренесоа дека наводно ќе следува демант од портпаролката на еврокомесарот, (иако никогаш до сега не се случило портпарол да демантира свој претпоставен шеф, освен веројатно во случаите на СДСМ кога Роберт Поповски го дообјаснува Заев)
Околу 13.30 часот следуваше уште едно разочарување за соросоидите, по што си ја порекнаа сопствената вест. Немаше демант, па Плус инфо објави текст со наслов „Ништо од најавениот демант од портпаролката на еврокомесарот Хан“.
Во исто време Бранко Героски го повтори својот претходно изнесен став за напуштање на преговорите. Тој на својот ФБ профил напиша „Нема ниту една разумна причина опозицијата да оди во Брисел да преговара. Раководството е должно да ги прекине преговорите веднаш и да ја продолжи својата борба“.
Во 14 часот повторно се огласи Героски кој ја потврди изјавата на Хан.
– За сите неверни Томи и спинери, од збор до збор е таква изјавата како што е пренесена од МТВ, напиша Героски.
Во 15 часот Заев излезе со изјава и ги послуша советите на Героски, Фрчкоски и Милчин и објави дека нема да оди на преговори во Брисел.
Потоа следуваше храбрење од медиумите на Сорос дека тоа е единствениот чекор кој можел Заев да го пренесе со жестоко оцрнување на комесарот Хан и другите европски политичари.
Во 20 часот, само 4 часа по изјавата на Заев дека не оди во Брисел, лидерот на СДСМ го смени мислењето и реши да се врати на преговорите. СДСМ објави дека Заев имал телефонски разговор со Хан во кој, како што пренесуваат, комесарот наводно изјавил дека постојат наводи за нерегуларности констатирани од ОБСЕ и ОДИХР, како и за тоа дека ќе се разговара и за преодна влада. Плус инфо дури и објави текст со наслов: СДСМ: Хан потврди дека на 10 јуни ќе се зборува за преодна влада.
Но, се покажа дека станува збор за пуста желба а не реален факт.
Во 20.30 часот беше пренесено соопштение од Европската комисија во кое никаде не се спомнува преодна влада како што ја пренесоа медиумите на Сорос.
Наравоучение:
Во текот на неколку часа медиумите на Сорос пренесоа десетина различни вести со тотално спротовставена содржина. Притоа, секоја следна вест беше спротивна со претходната, но тие воопшто не беа тангирани што тоа претходно пишувале.
Тоа показува дека немаат, благо кажано, доволен професионален стандард и дека пред се служат за пропаганда на СДСМ. Со вакво однесување и честите лаги, го загубија кредибилитетот и довербата во јавноста.
Заев го сруши својот рекорд во промена на ставови – три и пол часа. Менување на ставови како што прави Заев, интензивно и често, за секоја тема и во секоја ситуација во политиката, се смета како најголем хендикеп и такви политичари никогаш немале кариера. Тоа покажува тотален аметеризам и немање сенс за политичка проценка и настап. Вакви лица се опасни ако им се даде шанса, затоа што пред се тие не држат до зборот, не може да се смета на нив и можат да нанесат голема штета.
Некој неупатен да ја следи хронологијата на настани од погоре, ќе смета дека се работи за хумористична претстава, а не за однесување на медиуми и на политичар.
И за крај, добро е што Заев ќе оди во Брисел, доколку не нѐ изненади повторно сите со некоја своја нова изјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.