| четврток, 6 декември 2018 |

Костовски поради повреда ја напушти репрезентацијата

По направените проценки и консултации во стручниот штаб, поради повреда од обврските со А селекцијата е ослободен Јован Костовски, соопштија денеска од Фудбалската федерација на Македонија.

Македонската селекција по вчерашниот прв собир, денеска ќе има два тренинга. Едниот почна утрово во 10 часот, а другиот е во 18 часот.
Од стручниот штаб на „црвено-жолтите“ информираат дека дополнително ќе биде донесена одлука дали на местото на Костовски ќе биде повикан друг фудбалер.
Тимот се очекува да биде комплетиран на официјалниот ФИФА датум за овој натпревар, а тоа е 8 јуни, за кога се очекува да бидат пристигнати и Леонард Жута, Ферхан Хасани, Александар Тодоровски и Остоја Стјепановиќ.
Македонија на 14 јуни гостува на Словачка во квалификациите за ЕУРО 2016.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top