фото: Александар Ивановски
Пожарот што утрово избувна во една од просториите на Факултетот за физичка култура е изгаснат пред 10 часот, по брзата интервенција на противпожарната бригада на Скопје.
Командантот на противпожарната бригада, Благоја Менковски, за „Република“ соопшти дека пожарот избувнал од хартија во канта за отпадоци.
– Откако се запалила отпадна хартија во канта за отпадоци во една од просториите на Факултетот огнот, го зафатил блискиот плакар, но пожарникарите спречија пожарот да се прошири на покривот. Во интервенцијата учествуваа две противпожарни возила со по шест пожарникари – изјави командантот на Противпожарната бригада Скопје, Благоја Менковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


