Зоран Заев објави дека нема да присуствува на закажаниот состанок со еврокомесарот Хан на десетти јуни во Брисел. Според Заев, изјавата на еврокомесарот Хан во Вашингтон содржела елементи на пристрасност и не била соодветна за подготвителниот период пред одлучувачката средба во Брисел.
– Зачудува оценката на еврокомесарот Хан за генерално позитивни извештаи од набљудувачката мисија на ОБСЕ за последните изборни циклуси во Македонија. Ниту ОБСЕ ниту ЕУ, досега не констатираа дека извештајот за изборите во Македонија е позитивен. Дополнително, доказите од проектот „Вистината за Македонија“, ја разоткрија и криминалната позадина на повеќе изборни циклуси во земјава, организирани и спроведени од Никола Груевски и неговата власт- рече Заев.
Заев сега се обидува да прикаже дека СДСМ во овој период се однесувала максимално демократски и седнала на заедничка маса „и покрај нерамноправната позиција во која била поставена“.
Всушност, Заев и целата СДСМ сега е исплашена од договорените избори. Соочен со реалноста која еврокомесарот Хан ја повтори и од Вашингтон за изборниот процес во 2014 година, заев се соочува и со реалноста на актуелната политичка ситуација која самиот ја создаде.
Токму поради ваквиот настап на Заев, не се исклучува можноста во следниот период да биде упатена и некаква негативна оценка од меѓународната заедница, со цел само и само да се удоволи на Заев, за да се врати на разговорите во Брисел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.