Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Љубинко Друловиќ, денеска точно напладне го направи првиот собир на репрезентативците во хотелот Плаза во пресрет на квалификацискиот дуел со Словачка на 14 јуни во Жилина.
Првиот тренинг е закажан за денеска во 19 часот на теренот на тренинг центарот на ФФМ, а Друловиќ ќе има на располагање 19 фудбалери бидејќи Александар Тодоровски, Остоја Стјепановиќ, Ферхан Хасани и Леонард Жута дополнително ќе се приклучат поради клупски обврски.
Новиот селектор најави квалитетна работа во следните денови, и желба за позитивен резултат во Жилина.
– Словачка е квалитетна репрезентација која игра најубав фудбал во нашата група. Тие секако сакаат да ја продолжат победничката низа и затоа не очекува тежок натпревар. Наша цел е да не се оптоваруваме со противникот туку да негуваме наша филозофија на играта и цврсто да се придржуваме до неа, ако сакаме да дојдеме до посакуваните резултати во следниот период – изјави Љубиинко Друловиќ.
– Верувам дека ќе работиме квалитетно наредниве денови и ќе се подготвиме добро за тоа што не очекува во Жилина. Го анализиравме добро противникот, и ќе креираме игра како би дошле до можноста за изненадување – додаде Друловиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ФФМ: Досегашните испитувања не покажуваат знаци за труење со храна кај децата од Академијата
-
ФФМ го одложи првенството за 12 август!
-
Ѓорѓиоски се повлекува од ФФМ, добива функција во кабинетот на Чеферин во УЕФА
-
Комити повикуваат на собир пред Собранието: Излезете на улица, ве повикува вашата мајка, Македонија!