Кредиторите на Грција побарале од Владата во Атина во целост да ја спроведе програмата за приватизација утврдена во 2012 година, со забелешка дека тоа е само еден од условите за склучување нов договор, објави атинскиот весник „Та Неа“.
– Продадете сè, како што предвидуваше првичната програма- им порачале, според „Та Неа“, кредиторите на грчките владини претставници, со напомена дека според оваа програма за периодот 2015-2020 година Грција треба да заработи 10 милијарди евра.
Според „Та Неа“, кредиторите бараат од Атина да приватизира дел од електроенергетската компанија АДМИЕ, фирмите за гас и нафта, ДЕПА и ЕЛПЕ, дел од државниот телеком ОТЕ, железничката компанија „Треносе“ и пристаништата во Пиреја и Солун.
Кредиторите барале и доставување на конкретни рокови за продажба и за издавање под концесии на државен имот до 31 декември 2014 година и итна продажба на државната железница.
Тие уште иниситирале Владата да даде под концесија на 14 регионални аеродроми, од што во 2015 година Грција би заработила 1,2 милијарда евра.
Грчката Влада од своја страна предлага до 2019 година да изврши приватизација само на неколку државни компании од што би заработила две милијарди евра, додека по 2020 година би следела друга приватизациска фаза во која би се остврил приход од 18 милијарди евра, додава весникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција