Само еден ден од почетокот на најголемиот фудбалски настан оваа сезона, финалето на Лигата на шампионите меѓу Барселона и Јувентус, фановите на Барселона можат да здивнат бидејќи на теренот ќе можат да го видат и моторот на екипата, Андрес Иниеста.
Шпанскиот репрезентативец се повреди во финалето на Купот на Шпанија против Атлетик Билбао и мораше предвреме да го напушти теренот.
Тренерот на каталонскиот тим Луис Енрике стравуваше изминатите неколку дена за повредата на Иниеста, но е презадовлен од работата на лекарскиот тим на каталонскиот гигант, бидејќи успеа да ја санира сериозната повреда на фудбалерот пред финалето на ЛШ. Иниеста е оспособен за тренинг и вчера тренираше заедно со екипата.
Иако е на мала поштеда, се очекува тој вечерва да тренира во полн ритам и утревечер да се појави во стартниот состав на Барселона на Олимпискиот стадион во Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


