| четврток, 6 декември 2018 |

В среда се отвора скопскиот аквапарк

На 10 јуни ќе биде отворен аквапаркот, кој работи во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Посетителите и оваа сезона ќе можат да користат некој од десетте тобогани, односно бумеранг, спејс бал, тобоганот со ноќни ефекти, базен со бранови, мрзлива река.

Аквапаркот ќе работи секој ден од 10 до 20 часот, а за безбедноста на посетителите и годинава ќе се грижат 36 спасувачи од Црвен крст.

Билетот ќе чини 300 денари, а ќе се нуди и фамилијарен пакет за четири лица за 1.000 денари. Влезницата за деца под 13 години ќе биде 200 денари, а влезницата за деца под 4 години бесплатна. За групни посети над 30 лица ќе има попуст од 30 проценти.

Во рамки на аквапаркот ќе работат и три кафулиња и еден ресторан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top