Поради невремето што го зафати регионот на Куманово, без електрична енергија се селата Орашац, Шупли Камен, Доброшане, Арбанашко, Рамно, Длабичица, Буковјане, Дејловце, Осиче, Цветишница, Ругинце, Облавце и Сув Орах.
Од ЕВН информираат дека нивните екипи веќе се на терен и ги санираат дефектите што настанаа од невремето што го зафати овој дел од Кумановско и Старо Нагоричане. Силниот ветер искинал дел од проводниците, а во овој регион синоќа имало и силни електрични празнења.
Во текот на ноќта, во Куманово наврнаа седум литри дожд на квадратен метар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


