На својот профил на „Фејсбук“, премиерот Никола Груевски објави: „Исполнето е уште едно ветување. Денес започнува исплатата на 100-отстотно обесштетување на луѓето погодени од поплавата“.
Оваа мерка премиерот Груевски ја најави за време на народниот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Штип. Тогаш посочи дека сите погодени од поплавите во јануари и февруари годинава ќе бидат 100 процентно обештетени.
– Овој регион особено делот на Чешиново-Облешево и Кочани, но и некои други делови, беше еден од најпогодените региони заедно со пелагонискиот, и знам дека многумина претрпеа огромни штети. Минатата недела кога се уште не беа завршени проценките, најавив декаа обештетувањето ќе биде биде високо. Сакам да потврдам дека со цел да им се излезе во пресрет на луѓето чии земја и имоти настрадаа, владата ќе извши целосно, 100 остотно обештетување за сите погодени, согласно проценката на проценителите кои на терен ја вршеа проценката, истакна премиерот Груевски во Штип на крајот на март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски